Сирупот од цреши е навистина едноставен за правење, а одлично доаѓа во комбинација со обична или минерална вода, или пак како коктел со бело вино или шампањ.
Сируп од цреши + коктел
By July 29, 2013
Published:Сирупот од цреши е навистина едноставен за правење, а одлично доаѓа во …
Ingredients
- 700 г цреши (за сирупот)
- 50 мл сок од цреши или некое друго црвено овошје (за сирупот)
- 130 г шеќер (за сирупот)
- 2 супени лажици свеж сок од лимета или лимон (за сирупот)
- 750 мл бело вино (за коктелот)
- неколку ливчиња свежо нане (за коктелот)
Instructions
- 1.Изгмечете ги црешите во блендер заедно со сокот додека не добиете хомогена смеса. Процедете ја смесата низ ситна цедалка со притискање за да извадите што е можно повеќе сок.
- 2.Ставете ја смесата од цреши во тенџере и додадете го шеќерот, а потоа оставете го да врие додека не се растопи шеќерот. Намалете ја температурата и оставете да се вари со повремено мешање (ако се појави пена на површината, отстранете ја). Варете околу 30 минути или додека не се намали смесата за половина.
- 3.Оставете да се олади на собна температура. Додадете го сокот од лимон и добро измешајте. Чувајте го сирупот во фрижидер (може да стои до месец дена).
- 4.За да направите коктел, ставете 1/2 лажица од сирупот во чаша и дополнете ја со оладено бело вино. Декорирајте со неколку ливчиња свежо нане или цитронела.