Уште еден вешт кулинар се придружи на Мигусто семејството. Славица Џорџ која важи за голем љубител на македонската кујна и модератор на групата Македонската кујна некогаш и денес, сподели со нас прекрасен рецепт за ситни пирошки.
Ситни пирошки
By February 10, 2013
Published:- Prep: 20 mins
- Cook: 15 mins
- Ready In: 35 mins
Уште еден вешт кулинар се придружи на Мигусто семејството. Славица Џорџ …
Ingredients
- 350 г брашно
- 125 г путер (или маргарин, но омекнат)
- 1 пакетче сув квасец
- 1 лажичка сол
- 1 шолја инстант пире (може и обично)
- 100 г шунка (ситно сечкана)
- 100 г кашкавал (рендан)
Instructions
- 1.Во пластичен сад, измешајте го брашното заедно со сувиот квасец. Додадете омекнат путер, инстант пире и лажичка сол.
- 2.Постепено додавајте млака вода додека не добите меко глатко тесто (од 50 до 100 мл вода).
- 3.Оставете го тестото да одмори и да порасне (отприлика околу еден час).
- 4.Тестото поделете го на мали делови и направете топчиња. Наполнете ги со шунка и кашкавал.
- 5.Премачкајте ги топчињата со белка, извалкајте ги во презла и испржете ги во загреано масло. Добар апетит.
- Cuisine: Леб и пецива
- Course: Пржење
- Skill Level: Едноставна