Некни уживав во еден стар филм со Џемс Бонд. И да ви кажам право, го гледам како оди кај другар му Кју да си земе опрема, па си добива едно куферче кое наизглед е мало и невино, ама кога ќе го отвориш, внатре има секакво оружје или други шпионски ситници почнувајќи од часовник, преку пиштол, снајпер, па се до падобран и лансирач за ракети! А бе лудница! Го гледам и си викам, е овој Кју како мал ги гледал само цртаните со Спорт Били (ви текнува ли на него? имаше една магична торба, што му требаше, ќе си брцне во неа и ќе си земе).

Леле, пак избегав од темата! Всушност сакав да ви раскажам за скараџиското куферче, ама ми летна паметот (што да правам кога си го сакам Џемс Бонд (а и Спорт Били кога сме веќе кај муабетот). И пак да се вратам на куферчето. Ова ви е една супер пренослива скараџиска варијанта (користи јаглен, во случај да се прашувавте), а има вградени 7 метални шипки на кои се набодува месото или зеленчукот, а во капакот има мало моторче што работи на батерија или адаптер кое автоматски ги врти металните шипки, па јадењето се пече рамномерно. Значи, мали раженчиња кои автоматски си се вртат, а целата конструкција се пакува во секси метално (да не речам шпионско) куферче.

Драги мои скараџии, ако имате вишок 720 долари на кои не знаете што да им правите, нарачајте го куферчево овде, и почнете да вежбате на глас: Драго ми е, јас сум Презиме, Име Презиме! (My name is Bond, James Bond! – ви текнува?)