Ако случајно ви останало малку вино кое сте го заборавиле на дното од фрижидерот, па веќе не е за пиење, никако не го фрлајте. Постојат многу начини за користење на тоа вино, а некои од нив се навистина имагинативни и превкусни. Погледнете ја нашата листа:

1. Направете сируп од вино. Ставете го виното заедно со шеќер (во однос 3:1 – три шолјички вино со една шолјичка шеќер) во поширок сад на  оган и оставете го да зоврие. Кога ќе зоврие течноста, намалете ја температурата на тивко и варете ја смесата додека не ја добиете саканата густина на сируп. Кога сирупот ќе се олади, соберете го во шише или тегла и чувајте го во фрижидер. Сирупот можете да го прелиете преку запечено овошје (добро оди со јаболки, круши, праски, кајсии, вишни), да го измешате во сладолед или во јогурт (кисело млеко), можете да го додадете во маринади за месо, да го помешате со мешан запржен зеленчук или да го истурите врз палачинки.

2. Ако сте печеле или пржеле месо, тогаш во тавата сигурно ви останале мали парченца и остатоци од месото. Внимателно истурете го вишокот масло (ако има такво), а потоа во тавата истурете малку од закиселеното вино. Ставете ја тавата над оган и полека, со дрвена лажица изгребете ги сите остатоци од дното. Кога течноста ќе зоврие, оставете ја само уште неколку секунди да врие, а потоа тргнете го тавчето. Добиената течност е супер сосче за печеното месо, а ако сакате, можете истото и да го “појачате“ со додаток на павлака за готвење.

3. Ако виното што ви останало е бело, помешајте го со сварена тестенина (ама не ставајте многу), додадете неколку свежи или суви зачини по желба и изрендајте пармезан. Супер!

4. Соберете го сирупот во пластични садови за правење мраз и замрзнете го. Смрзнатите коцки вино можете да ги користите во чорби со месо, или пак во било која манџичка која вклучува месо и сос (селско месо на пример).

5. И за крај, можете да си направите домашен оцет, а за начинот на подготовка ќе зборуваме во некоја наредна прилика :).

На здравје!