Скопјани добија можност и да загризат од новата здрава ужинка Biters2go на Виталиа. Преку иновативната кампања со скејт друштвото на Biters2go, граѓаните на Скопје го дегустираа новиот производ на Виталиа, компанијата со 20 години традиција во производство на здрава храна.

„Biters2go ги создадовме за делот од денот кога сме во движење и ни е потребна здрава инстант енергија. Практичните мини барови може да ги понесете секаде со себе, како енергетски додаток во работниот ден или слатка здрава закуска со омиленото кафе.“ – велат од Виталиа.

Мини гранола баровите со ванила и темно чоколадо, како и оние со кокос и темно чоколадо засладени со кафеав шеќер, нудат крцкаво здраво уживање за долготрајна енергија кој ќе внесат свежина во вашата дневната авантура. Токму затоа Скопјани загризаа здраво: минувачите, студентите на факултетите, посетителите на кафулињата, читалните и библиотеките ширум главниот град.

„Навистина сум изненадена од новите барови на Виталиа. Вистинско слатко задоволство кое е пред се здраво, но и многу вкусно. Најсрекна сум што им се допадна и на моите деца, кои  морам да признаам дека уште од мали ја засакаа здравата исхрана. Biters2go се навистина „заразни“, ни изјави случајна минувачка која ги дегустираше двата вкуса на Biters2go.

Главниот настан се случи изминатиов викенд во Градскиот парк во Скопје како и во Зоолошката градина, каде за сите љубители на здравиот живот Виталиа приреди забава со Biters2go дружината.

Со оваа едномесечна кампања “Загризи здраво со Biters2go”, компанијата за здрава храна Виталиа, уште еднаш ја докажа својата иновативност и постојана грижа за своите конзументи.