Следејќи ги стандардите и современите трендови Пивара Скопје АД го менува визуелниот идентитет на водечкиот бренд во своето портфолио – СКОПСКО. Дизајнот на новото стаклено шише на СКОПСКО 0,33л е комбинација на најдобрите светски практики и корисните повратни информации од љубителите на пивото во Македонија.

„Уште од 1924-та, СКОПСКО претставува автентичен производ, секогаш иновативен за времето во кое опстојува, со уникатен и непроменет вкус од совршена комбинација на врвни состојки и многу знаење и страст за правење пиво. Оваа приказна која сите ние така добро ја познаваме и гордо ја нарекуваме „Вкусот на Македонија“, сега добива нова, возбудлива форма, а суштински останува иста“, вели Соња Тодорова, маркетинг менаџер на Пивара Скопје АД.

Со децении, Пивара Скопје АД вложува големи ресурси, енергија и посветеност во градење и одржување на идентитетот на брендот СКОПСКО кој прерасна во уникатен спој на македонските традиционални вредности и модерните трендови. Следејќи ја сопствената бренд филозофија, СКОПСКО е повеќедеценски поддржувач и партнер на најзначајните културно-уметнички, забавни и спортски манифестации и случувања во земјава, но истовремено и верен сопатник на сите наши задоволства, успеси, прослави, но и копнежи, стремежи и надежи. Создаден за уживање во енергијата на чаршијата и гурманските доживувања, во татнежот на зурлите и тапаните, но и во ритамот на современите музички ритми, СКОПСКО со златножолта боја и цврста бела пена низ децениите прерасна во вистински синоним за пиво во Македонија.

Новата стаклена амбалажа на СКОПСКО 0,33л веруваме дека понатаму ќе ја продолжи оваа успешна приказна и ќе придонесе кон продлабочување на неговата врска и блискост со љубителите на единственото пиво кое со гордост може да се нарече „Вкусот на Македонија“.