Освежете се со домашно сладоледче кое ќе го направите за десет минути. Ние решивме да употребиме вишни, но вие имате слобода на избор да искоритите било кој тип на ситно сезонско овошје. Пробајте го овој рецепт, верувајте простор за грешка нема. Уживајте :)

Сладолед од замрзнат јогурт и вишни

By Гастронаут Published: June 5, 2014

    Освежете се со домашно сладоледче кое ќе го направите за десет минути. …

    Ingredients

    • 180 гр павлака (кремаста цврста павлака, позната и како грчка)
    • 120 гр вишни (свежи или замрзнати)
    • 1 лажица шеќер
    • 1 лажичка мед

    Instructions

    1. 1.Вишните исчистете ги од семките.
    2. 2.Ставете ги сите состојки во блендер. Миксирајте пола минута додека не добиете фина кремаста смеса.
    3. 3.Смесата префрлете ја во пластичен сад (со поклопец) и ставете ја во замрзнувач.
    4. 4.Сладоледот во текот на замрзнувањето може да го промешувате неколку пати за да не се создадат кристали.
    5. 5.Сладоледот послужете го во убава чаша и декорирајте во ливче нане.