Зар има подобро летно освежување од вкусен сладолед! Особено ако е домашно приготвен со вкус кој вие најмногу го обожaвате. Денес решивме да направиме еден наш специјалитет. Сладолед со два исклучително префинети вкусови на вишна и зелен лимон.
Засукајте ракави и направете си освежително десертче.
Сладолед со вишњи и зелен лимон
By June 24, 2012
Published:Зар има подобро летно освежување од вкусен сладолед! Особено ако е …
Ingredients
- состојки за преливот
- 2 шолји вишни (најдобро свежи и исчистени од семките)
- 2/3 шолја шеќер
- 2 лажички пченкарно брашно
- состојки за сладоледот
- 8 жолчки
- една 1/2 шолја шеќер
- 3 шолји млеко масленост 3.2%
- 1 шолја слатка павлака
- 6 лажички сок од зелен лимон
- кора од зелен лимон
Instructions
- 1.Во сад за готвење ставете ги вишните, пченкарното брашно и шеќерот. На тивок оган со повремено мешање гответе околу 30 минути се додека не добиета густа и пенаста содржина.
- 2.Оставете ја сместа да се олади на собна температура, а потоа ставете ја во фрижидер.
3.Во чинија изматете ги жолчките, шеќерот заедно со наренданата кора од зелен лимон.(Матете се додека сотојките не добијат кремаста структура)
- 4.Во друг сад ставете го млекото слатката павлака. Варете додека не проврие.
- 5.Оваа смеса додедете ја во онаа со изматените јајца. Убаво измиксирајте.
- 6.Добиената смеса повторно вратете ја на ригла. Варете ја неколку мунути додека да се згусне. Потоа ставет го сокот од зелен лимон.
- 7.Смесата прво оладете ја на собна температура па потоа ставете ја во фрижидер.
8.Оладените вишни ставете ги во блендер, добро испасирајте и ставете ги врз сладоледот.
- 9.Сладоледот оди во замрзнувач на неколку часа, а потоа е спремен за конзумирање.
- 10.Декорирајте со свежа вишња и парче зелен лимон.