Рецепт на нашата читателка Севгул Дехар. 

Ванилата припаѓа на родот Орхидеи кои се многугодишни растенија. Од некои видови (претежно од Vanilla planifolia) се извлекува зачинот со истото име.

Името потекнува од шпанскиот збор Vainilla. Ванилата е распространето во тропските и суптропските краеви. За татковина се смета Мексико, бидејќи таму се единствените одгледувачи (опрашувачи) на ова растение.

Во останатите земји во светот каде што се одгледува, тој процес се прави вештачки.

Слатки ванила плетенки

By Севгул Дехар Published: November 10, 2013

    .

    Ingredients

    Instructions

    1. 1.Во млакото млеко и лажичките шеќер ставете го квасецот за да нарасне.
    2. 2.Брашното просејте го, па додадете го нараснатиот квасец, шеќерот, солта, јајцето и маслото.
    3. 3.Замесете тесто и оставете го поклопено со кујнска крпа додека не се удвои.
    4. 4.Поделете го на два дела па расукајте правоаголник со дебелина од 1 см.
    5. 5.Исечете парчиња со ширина од 4 см. и со трлање измеѓу прстите завиткајте долг ваљак кој треба да личи на спирала.
    6. 6.Краевите ставете ги еден врз друг и ставете ги на тепсија.
    7. 7.Премачкајте ги со изматено јајце, посипете ги со ванилин шеќер, па со шеќер и цимет.
    8. 8.Оставете ги 15-тина минути и печете ги на 200 степени додека убаво не поруменат.