Овие слатки земички кои ни ги подготви мама Лиле, повторно :), се меки како „памук“, „диетално слатки“ и со арома на тиква и цимет. Совршенствоооооо
Слатки земички со тиква
By November 4, 2012
Published:- Prep: 25 mins
- Cook: 15 mins
- Ready In: 40 mins
Овие слатки земички кои ни ги подготви мама Лиле, повторно :), се меки …
Ingredients
- 500 г брашно
- 400 г тиква (варена)
- 1 коцка свеж квасец (40 г)
- 1 јајце
- 3 лажици шеќер
- 50-100 мл млеко
- ½ лажичка сол
- ½ лажичка сода бикарбона
- 1 лажичка цимет
- малку сусам, ким, чурек...
Instructions
1.Брашното се меша со сода бикарбона, сол шеќер, циметот, се додава варената тиква, јајцето и издробен квасец. Тесто се меси и повремено се додава од млекото (количината зависи од тоа каква е тиквата, посува или поводена, а треба да се добие меко тесто кое се лепи за рацете).
2.Откако е добро измесено тестото се остава да нарасне околу 1 час или се додека тестото двојно не нарасне.
3.Од нараснатото тесто, со замастени раце, се откинува парче од тестото и се става во модли за мафини. Се стави толку тесто колку да исполни само 2/3 од модлите (при печење земичките нараснуваат).
4.Секоја земичка се посипува со сусам или ким, се оставаат 10-тина минути да се одморат и дури потоа се ставаат во ладна рерна.
5.Се пече на 200 степени, околу 15 минути откако е постигната соодветната температура. За подобар изглед, пред печење земичките може да се намачкаат со жолчка, а може и да се посипат и со шеќер.
- Cuisine: Леб и пецива
- Course: Печење
- Skill Level: Едноставна