И да не сте голем љубител на слатко, Валентина ова топло ви го препорачува, бидејќи секогаш може да ви биде при рака во случај да ви притреба кандирана кора од портокал.

Слатко од кора од портокал

By Валентина Крстевска Published: May 8, 2014

  • Prep: 15 mins
  • Cook: 60 mins
  • Ready In: 1 hr 15 mins

И да не сте голем љубител на слатко, Валентина ова топло ви го …

Ingredients

Instructions

  1. 1.Напомена: се добива поубав резултат ако портокалите се поситни и имаат мазна кора.
  2. 2.На грубиот дел од сунѓер за миење садови ставете сода бикарбона и истријте ги портокалите (со оваа постапка го отсранувате делот од кората кој горчи).
  3. 3.Одстранете круг од кората на местото каде била прицврсетна на дрвото.
  4. 4.Исечете ленти од кората широки максимум 1 см.
  5. 5.Лентите замотајте ги секоја посебно во мала спираличка, па со иглата нанижете ги на конецот.
  6. 6.Подготвениот шеќер прелијте го со студена вода па ставете го да зоврие. Во ова додајте го ланчето со корички и варете отприлика 20 минути од моментот кога заедно со коричките шербетот повторно зоврел (вриењето за кратко престанува кога сте ги додале корите во шербетот).
  7. 7.Додајте го сокот од лимон (служи за да спречи кристализација на слаткото), па оставете да врие уште десетина минути.
  8. 8.Внимателно одстранете го конецот од коричките и врелото слатко префрлете го во теглички, кои треба да ги затворите со метални капаци и да ги стерилизирате во рерна на 75 степени околу 30 минути.
  9. 9.Исклучете ја рерната, но тегличките нека останат во неа се додека не се оладат така затворени.