Ова е мојата прва објава, и како што е ред со нешто слатко. А, што послатко од слатко од портокали? Сега е сезона на портокали и верувам дека сите ги сакате, па еве еден практичен рецепт како да се искористат и корите од портокал. Да напоменам дека јас секогаш кога чистам за децата си ги подготвувам корите, и ги замрзнувам. Кога ќе соберете доволно само ги вадите од замрзнувачот – ни порача нашата читателка Татјана Докузова.

Слатко од кори од портокал

By Татјана Докузова Published: February 15, 2013

    Ова е мојата прва објава, и како што е ред со нешто слатко. А, што послатко …

    Ingredients

    Instructions

    1. 1.Портокалот се лупи со ноже за лупење компири, најтенко... Се засекува во вид на резниња и се одвојуват едно по едно. Резнињата се виткаат во ролна и се врзуваат со кујнски конец.
    2. 2.Така подготвени резнињата се варат во пет води. Се ставаат да зоврие водата, се исфрла и се дотура ладна вода и се така пет пати.
    3. 3.Во меѓувреме се подготвува шербет со шеќерот и вода колку да биде убаво залеан шеќерот. Не се вари многу, нека врие 5 минути.
    4. 4.Се додаваат резниљата на кои сте им го отстраниле конецот и се варат с додека не станат стаклести.....
    5. 5.Заедно со резнињата во шербетот се става и еден лимон исечен на тркалца.