Слатко од кајсии, смокви, сливи, а може и од портокали верувајте. Еве го рецептот на Мама Лиле кој е слатко совршенство. Слободно и вие споделете со нас некоја ваша верзија.
Слатко од портокали
By January 4, 2013
Published:- Prep: 10 mins
- Cook: 60 mins
- Ready In: 1 hr 10 mins
Слатко од кајсии, смокви, сливи, а може и од портокали верувајте. Еве го …
Ingredients
Instructions
1.Портокалите се мијат и се ставаат во сад, се залеваат со вода и се варат околу 10 минути или се додека омекнат. Водата се исфрла, а портокалите се залеваат со ладна вода за да се оладат.
2.Во истиот сад се става шеќер и вода колку да се натопи шеќерот и се вари додека се добие густ сируп.
3.Портокалите се сечат на парчиња, се отстрануваат семките и се истураат во садот со сирупот. Се додава и половина лимон и парчињата од втората половина лимон.
4.Слаткото се вари со повремено мешање, на среден оган се додека парчињата портокал не станат прозрачни или корката омекне. Ако се појави густа темно жолта пена, таа се отстранува.
5.Слаткото се собира врело во суви и чисти тегли кои се затвораат со капак одма штом се наполнат и се чуваат на суво и ладно место.