Во период кога смоквите ни се на дофат, би било вистинска штета а да не на правите домашно слатко од смокви. Да не се фалиме, ама нашето излезе супер и ви го препорачиваме овој едноставен рецепт.

Слатко од смокви

By Мигусто Published: September 16, 2015

    Во период кога смоквите ни се на дофат, би било вистинска штета а да не на …

    Ingredients

    Instructions

    1. 1.Смоквите (по можност поситни и потврди) измијте ги, исечете го врвчето и ставете ги во широко тенџере. Прелијте ги со вода, ставете 2 лажички сода бикарбона и оставете водата да зоврие. После 5 минути откако вода ќе врие, тргнете ги настрана исцедете ги и измијте ги со ладна вода.
    2. 2.Во истото големо тенџере, ставете шеќер и вода колку да го покрие шеќерот. Мешајте се додека не добиете густ сируп т.е се додека шеќерот не се растопи.
    3. 3.Во сирупот, ставете ги претходно сварените смокви и на тивок оган варете ги се додека не омекнат и станат скоро проѕирни. Во меѓувреме, доколку при варењето се појави густа пења, отстранете ја.
    4. 4.Лимонот измијте го, исечкајте го на крукчиња и ставете го во готовото слатко.
    5. 5.Свареното слатко од смокви, тргнете го настрана, покријте го со крпа и оставете го да се олади. Ладно, префрлете го во стерилизирани тегли.