Навистина не познавам некој што не обожава домашна бајадера. Бидејќи за овој мој рецепт никој до сега не нашол мана, ви го препорачувам од се срце. Вкусно, слоевито, бајадерче кое се топи во уста. Добар апетит.
Слоевита бајадера
By December 6, 2013
Published:Навистина не познавам некој што не обожава домашна бајадера. Бидејќи за …
Ingredients
- 150 г мелени бисквити (црн слој)
- 150 г мелени ореви (црн слој)
- 100 г шеќер (црн слој)
- 100 мл вода (црн слој)
- 100 г путер (црн слој)
- 3 лажици чоколаден крем (еурокрем) (црн слој)
- 150 г мелени бисквити (бел слој)
- 150 г печени мелени лешници (бел слој)
- 150 г шеќер (бел слој)
- 100 мл вода (бел слој)
- 100 г путер (бел слој)
- 100 г чоколадо за готвење (за глазура)
- 2-3 лажици масло за готвење (за глазура)
Instructions
- 1.На оган, растопете го путерот заедно со водата и шеќерот. Тргнете го настрана и додадете мелени ореви, бисквити и чоколаден крем. Се добро измешајте. Смесата поделете ја на два дела.
- 2.Во дру сад, на ист начин, подгответе го белиот слој. И оваа смеса поделете ја на два дела.
- 3.Секоја од смесите ставете ја во кеси за замрзнување (од 3 литри) и добро распоредете ја. Доколку имате од оние што се затвараат, уште полесно, доколку немате, внимавајте за не излезе смесата од кеса.
- 4.Откако смесата за бајадера добро ќе ја распоредите во 4 кеси, ставете ги на рамна површина, едно врз друго и ставете ги во замрзнувач за добро да се стегне.
- 5.Откако смесата е стегната, внимателно исечете ја кесата од сите страни и извадете ги слоевите бајадера.
- 6.Наредете ги слоевите бајадера, почнувајќи од црниот и завршувајќи со бел слој. Внимателно, притиснете ги за да се залепат.
- 7.На пареа, растопете го чоколадото за готвење со неколку лажици масло и истурете го врз бајадерата.
- 8.Оставете добро да се олади пред да ја сечете бајадерата.
- Cuisine: Десерт
- Course: Варење
- Skill Level: Едноставна