Понекогаш навистина е незгодно прецизно да се одвои жолчката од јајцето. Треба посебно внимание и трпение. Во една прилика ви покажавме како тоа едноставно да го изведете со обично пластично шише, но има и нов начин.

Изумителот Mark Fusco обожавал да јаде омлет, но поради високиот холестерол доктoрите му препорачале ако веќе не може да се откаже од својот омилен појадок, да го приготвува само од белки. Тогаш се соочил со проблемот како наједноставано да ги одвои жолчките од белките. Добил идеја да се обиде да дизајнира мало корисно уредче кое ќе му помогне во тоа.

Успеал да направи кул кујнски уред кој освен што изгледа модерно во целост ја врши својата функција. Еве како ова шмукувало на жолчки наречено Pluck функционира во пракса и која е целата приказна како од идеја се стигнува до реализација.