Можеби има повеќе варијации на тема сникерс торта, но ова е една од најдборите која сум ја подготвила до сега. Погледнете ги фотографиите и ќе ви стане јасно зошто е мојот најнов фаворит. Ако фотографијата вреди илјада зборови, тогаш нема потреба од дополнително објаснување. Пригответе ја и ќе се уверите во мојата препорака.

 

Сникерс торта

By Тетка Биберче Published: October 4, 2013

  • Prep: 40 mins
  • Cook: 20 mins
  • Ready In: 60 mins

Можеби има повеќе варијации на тема сникерс торта, но ова е една од …

Ingredients

Instructions

  1. 1.Калапот за торта (24 см) намачкајте го со путер и обложете го мрсна хартија (дното и страните).
  2. 2.Бисквит подлога: На оган, растопете го путерот заедно со млечното чоколадо и водата. Додадете го мелениот бисквит и добро измешајте. Смесата истурете ја во калапот, добро распоредете ја и со раце притиснете ја.
  3. 3.Подготовка на кикирики подлогата: Доколку кикириките се солени, измијте ги и во микробранова печка или во рерна исушете ги па пото и фино измелете ги. Во поголем сад, маргаринот, заедно со млекото и шеќерот растопете ги и додадете ги мелените кикирики. Смесата измешајте ја, истурете ја врз бисквитите и добро распоредете ја.
  4. 4.Подготовка на карамел подлогата: Загрејте 500 мл млеко заедно со 5 лажици шеќер. Во 100 мл млеко растворете ги двата пудинзи од карамела и кога млекото ќе зоврие додадете го пудингот. Мешајте се додека не добиете густа смеса. Пудингот оставете го да се олади. Со миксер, омекнатиот маргарин изматете го и додавајте му од изладениот пудинг. Смесата истурете ја врз кикирики подлогата.
  5. 5.На пареа, растопете го чоколадото, додадете ја слатката павлка, медот и какаото и мешахте се додека не добиете изедначена смеса.Глазурата од чоколадо изтурете ја врз карамел подлогата.
  6. 6.Тортата оставете ја во фрижидер барем неколку часа за добро да се стегне пред да ја сечете и сервирате.