Холестеролот е неопходен е за синтеза на хормоните од групата кортикостероиди меѓу кои се наоѓаат естрогенот, прогестеронот и тестостеронот. Тој е природна состојка на крвта, но само до одредени граници не е штетен по здравјето. Иако зголеменото ниво на холестерол честопати е генетски предусловено, сепак најдобар начин одржите добар баланс е да внимавате на исхраната. Ако сакате да го намалите покачениот холестерол и да го одржите во оптимални вредности, овие состојки треба почесто да се најдат на вашата трпеза.

Јачмен
Една од најпознатите и најраспространетите житарки. Спаѓа во групата на ниско калорични состојки. Јачменот изобилува со витамини Д и Б, одличен извор е на растителни влакна, протеини, магнезиум и железо. Богато е со бета-глуканом кој го намалува холестеролот.

Кафеав ориз
Најголем извор на хранливи материи и витамини се наоѓа во неизлупениот ориз, нешто помалку во кафеавиот, а најмалку во белиот ориз. Кафеавиот ориз ги регулира цревните проблеми и одржува оптимално ниво на холестерол во крвта намалувајќи го нивото на штетниот холестерол.

Брусница
Ова овошје неодамна се докажа дека е природен антибиотик кој спречува спојување на бактериите за ѕидовите на слузницата во организмот. Според некои истражувања, консумирање на ова овошје може да го зголеми нивото на корисен холестерол во крват. Освен ова претставува одличен извор на витамини А и Ц.

Ленено семе
Лененото семе е одличен извор на омега 3 масни киселини, витамини и фосфор, калциум, калиум, цинк и селен. Често се препорачува на оние кои патат од висок притисок или некое друго кардиоваскуларно заболување. Мелените семки одлично одат во комбинација со мед.

Бел лук,црн лук и власец
Овие три состојки се фитонутиенти и нивните лековите состојки се познати од дамнина. Главица бел лук дневно може да го намали холестеролот за 2о проценти. Свежиот црн лук го спречува запушувањето на крвните садови. Власецот благотворно делува на кардиоваскуларниот систем бидејќи изобилува со минерали.

Јаткасти плодови
Бидејќи се полни со здрави монозаситени масти сите јаткасти плодови благотворно делуваат на намалувањето на холестеролот. Во оваа група на плодови спаѓаат оревите, костените, бадемите, кикириките, лешниците, фстаците. Сите овие плодови имаат висок процент на белковини, минерали, витамини, ензими, масти и јагленохидрати.

Риба
Освен тоа што рибата се смета за продукт кој најбрзо се вари во нашиот организам, таа е ниско калорична состојка богата со омега 3 масни киселини. Најдобро е да се јаде лосос, туна, бакалар, и тоа барем три пати неделно.