Слатката темноцрвена овошка (lat. Prunus cerasus) потекнува од Северна Индија и Иран, а е популарна уште од дамнешни времиња. Ја обожувале Персијците и Римјаните, кои подоцна ја пренеле во Британија, од каде се раширила низ целиот свет. Според една будистичка легенда, дрвото на вишната и ги понудило своите плодови на Маја, мајката на Буда, за да биде здрава и сита за време на бременоста. Легендата има добра основа, бидејќи вишната го негува целиот организам и создава чувство на ситост.

Лековити својства на вишната

Вишните се познати по бројни лековити својства и по своето антиоксидантско делување. Богати се со витамините А, Ц, Е и фолна киселина, а содржат и калиум, магнезиум, железо и влакна. Понатаму, вишната содржи феноли, галична и п-кумаринска киселина, кемферол и кверцетин.

Сините антивоспалителни својства на вишната ја прават многу корисна за намалување на болката при гихт и запаленија на мускули, остеартритис и реуматски артритис. Истражувањата потврдуваат дека 20 вишни дневно, или концентрат од оваа количина, имаат ист ефект на ослободување од болка како и пилула аспирин или бруфен.

Моќно антивоспалително средство

Акутните воспаленија се одговор на телото на повреди, инфекции, неправилна исхрана и алергени. Ако воспаленијата се долготрајни, можат да доведат до сериозни здравствени проблеми како срцеви болести, артритис, астма и дијабетес.

Новите испитување на дејството на вишните врз организмот нудат се повеќе докази за нивната улога во борбата против воспаленијата. Во една студија, 10 луѓе секој ден во текот на две недели пиеле по 250 мл сок од вишни. Испитувањата извршени потоа покажале дека значително им биле намалени воспалителните процеси, и им се нормализирало нивото на триглицериди и ЛДЛ холестерол – кои се едни од клучните фактори во развојот на срцевите болести.

Вишните штитат од слободните радикали

Вишните содржат изобилство на фенолни соединенија – силни антиоксиданти кои го штитат нервниот систем и ја спречуваат појавата на оксидативен стрес. Ова е многу важно, особено за постарите луѓе, бидејќи ги штити од невродегенеративни пореметувања како губиток на памтење, деменција и Алцхајмерова болест. Поради високото количество на антоцијанин, вишните силно делуваат и во превенцијата од рак, особено од рак на дебелото црево.

Со вишни против несоница

Вишната е една од ретките овошки кои содржат мелатонин – природен хормон кој го регулира сонот. Нашето тело инаку природно лачи мелатонин кој се ослободува само во текот ноќта, обично после 21.00 часот, и на тој начин го поттикнува сонот.

Затоа пред спиење, испијте една чаша чист сок од вишни. Тоа ќе ви овозможи длабок, непрекинат и релаксирачки сон. Мелатонинот исто така се користи во третирањето на проблеми врзани со менопауза, при одвикнување од лекови, кај рак на дојки и простата, при хиперактивност и недостаток на внимание.

Кратка листа на лековитите својства на вишната:

  • го храни и штити мозокот
  • го намалува ризикот од дијабетес
  • помага при бубрежни пореметувања и болести
  • позитивно делува на системот за варење
  • помага при слабеење
  • го подобрува сонот
  • го намалува ризикот од срцеви болести
  • помага при воспаленија на мочните канали