И сочно и чоколадно. Нема подобра комбинација од ова. Колач кој едноставно се подготвува, а нуди неповторливо гастрономско доживување. Добар апетит и пишете како ви се допадна.
Сочен чоколаден колач
By April 30, 2014
Published:И сочно и чоколадно. Нема подобра комбинација од ова. Колач кој …
Ingredients
- 2 јајца
- 70 г шеќер
- 120 г брашно
- 1/2 кесичка прашок за печиво
- 1 лажица какао во прав (или рогач)
- 200 мл млеко
- 70 мл масло за готвење
- 3 лажици мармалад или џем (ние користевме џем од боровинки)
- ПРЕЛИВ
- 100 г шеќер
- 100 г путер (маргарин)
- 50 мл вода
- 100 г ореви (мелени)
- 2 лажици чоколаден крем (еурокрем)
Instructions
- 1.Изматете ги белките заедно со шеќерот, па постепено, додајте ги жолчките.
- 2.Во смесата додадете го млекото, маслото за готвење, неколку лажици мармалад и добро измешајте.
- 3.Брашното измешајте го заедно со прашокот за пециво и какаото во прав. Додадете го во смесата и повторно добро измешајте.
- 4.Садот за печење (20 x 20 см) обложете го со хартија за печење и внатре истурете ја смесата.
- 5.Печете во загреана рерна, на 200 степени, околу 25 минути.
- 6.Во меѓувреме, подгответе го преливот. Во сад, на оган, водата, шеќерот и путерот растопете ги. Додадете го чоколадниот крем и оревите и се добро измешајте.
- 7.Топлиот и испечен колач, со виљушка, прободете го на повеќе места и веднаш попарете го со топлиот чоколаден прелив.
- 8.Колачот оставете го да се олади, а потоа ставете го во фрижидер уште неколку часа за убаво да се стврдне.
- 9.Исчете го колачот на коцки и сервирајте го веднаш. Добар апетит!
- Cuisine: Десерт
- Course: Печење
- Skill Level: Едноставна