Спој од совршено ароматично тесто, џем од кајсии и шлаг пена. Десерт кој се топи во уста и ги предизвикува сите сетила. Успешноста на овој рецепт го потврдивме со фактот што го снема за само еден ден. Доволна препорака и вие да го пробате.

Сочен црно-бел колач

By Тетка Биберче Published: October 6, 2012

  • Prep: 20 mins
  • Cook: 30 mins
  • Ready In: 50 mins

Спој од совршено ароматично тесто, џем од кајсии и шлаг пена. Десерт кој …

Ingredients

Instructions

  1. Подготовка на тестото за колач1.Во поголем сад, со помош на мискер, изматете ги сите состојки за подготовка на тестото. Мешајте се додека не добиете фина смеса. Плехот (модлите) подмачкајте ги со растопен путер.
  2. Полнење на модлите со фил -тесто2.Со смесата наполнете го плехот (или модлите) до половина. Печете го колачот на 180 степени, околу 15-20 минути или се додека ништо не се залепи на чечкалицата која сте ја боцнале во тестото.
  3. Премачкани со џем од кајсии3.Готовото колаче, додека е се уште топло, премачкајте го со џем од кајсии. Во меѓувреме подгответе го шлагот.
  4. Подготовка на шлаг4.Со помош на миксер, изматете ги белките. Шеќерот со неколку лажици вода стопете го на оган се додека не добиете фин сируп и полека додавајте од сирупот во шлагот.
  5. Испечен колач5.Врз колачето, ставете од шлагот и колачот повторно печете го околу 5-10 минути, се додека шлагот не добие светло кафена корупка.