Ова е мојата нова, апдејтувана варијанта на мусака, секако видоизменета од оригиналната или од онаа на мајка ми, но подеднакво вкусна….Задолжително дегустирајте.
Сочен компир со мелено месо
By September 12, 2013
Published:- Prep: 20 mins
- Cook: 45 mins
- Ready In: 1 hr 5 mins
Ова е мојата нова, апдејтувана варијанта на мусака, секако видоизменета …
Ingredients
- 500 г компири
- 250 г мелено месо
- 1 главица кромид
- 150-200 г кашкавал (рендан)
- 150 мл павлака за готвење
- малку масло за готвење
- малку сол, црн пипер
- малку путер (за премачкување)
Instructions
1.Кромидот исечкајте го и малку запржете го. Во тавата додадете го меленото месо, зачинете по желба и пржете го неколку минути.
2.Компирот измијте го, излупете го и исечкајте го на тенки парчиња. Тавата за печење намачкајте ја со путер и наредете еден ред парчиња компир. Зачинете со сол и црн пипер.
3.Врз компирите ставете од запрженото мелено месо, нарендајте кашкавал и сипете од павлаката за готвење.
4.Повторно наредете од сечканите компири, мелено месо, кашкавал и павлака за готвење.
5.Врз последниот ред ставете рендан кашкавал и павлака за готвење. Печете во загреана рерна, на 190 степени, околу 40-50 минути.
- Cuisine: Главно јадење
- Course: Комбинација
- Skill Level: Едноставна