Јас лично не познавам ниту еден љубеник на чоколадото кој може да одолее на оваа вкусна торта. Се што ви треба е малку повеќе чоколадо, јајце, путер и шеќер, за магијата да се роди….
Сочна бела торта
By September 12, 2012
Published:Јас лично не познавам ниту еден љубеник на чоколадото кој може да одолее …
Ingredients
- 5 јајца
- 150 г путер
- 150 г шеќер во прав
- 2 пакетчиња бело чоколадо (за готвење)
- 1 пакетче бело чоколадо (млечно)
- 2 лажици презла
- 100 мл слатка павлака (за фил)
- 1 жолчка (за фил)
- 40 г шеќер
- 1 лажичка ванилин шеќер
- ½ лажичка густин
Instructions
1.Во сад за готвење, на оган, стопете го путерот заедно со шеќерот во прав.
2.Во стопениот путер, постепено додавајте од чоколадото за готвење и млечното чоколадо.
3.Откако чоколадото е растопено, додавајте едно по едно јајце притоа константно мешајќи. Накрај додадете ја и презлата.
4.Садот за готвење намачјакте го со путер и малку презла, смесата истурете ја и печете на 200 степени околу 25 до 30 минути.
5.Во помал сад, павлаката за готвење сварете ја заедно со ванилиниот шеќер.
6.Жолчката изматете ја заедно со шеќерот и густинот.
7.Двете смеси помешајте ги, смесата вратете ја на оган и мешајте се додека не добиете погуста смеса.
8.Со смесата филувајте ја торта. Послужете ја топла или ладна, вкусот е секогаш феноменален.