Лесен рецепт за сочни коцки кој лесно се прави а вкусот се памети – рецепт од нашата читателка Долорес Кашуба Петров
Сочните коцки на Долорес
By June 27, 2013
Published:Лесен рецепт за сочни коцки кој лесно се прави а вкусот се памети - рецепт …
Ingredients
- 5 Јајца
- 2 филџана шеќер (филџан за млеко)
- 2 филџана масло за јадење
- 2 филџана брашно
- 1 ванилин шеќер
- 3 големи лажици какао во прав
- 3 големи лажици сок од цеден портокал
- ½ прашок за пециво
- рендана кора од 1 портока
- ФИЛ
- 500 гр лупена јаболка
- 1 дл вода
- 3 големи лажици сок од цеден портокал
- 200 гр шеќер
- 350 гр мелени бисквити
- 100 гр млечно чоколадо
- 250 гр путер
- шеќер во прав за посипување
Instructions
- 1.Наведените состојки за кората ги матите по редослед и во плехче од рерна на кое имате ставено хартија за печење ја истурате рамномерно смесата и печете околу 40 минути на умерена температура.
- 2.Јаболката ги сечете на плошки, ги поливате со водата, го додавате шеќерот и полека ги динстате околу 20 мин. При крај се додава сокот од портокал.
- 3.Кога ќе се олади му се додаваат бискивитите за да добие густина. Чоколадото полека се растопува на пареа и тоа кога малку ќе се подолади му се додава изматениот путер.
- 4.Се убаво се сединува во еден крем.
- 5.Испеченото тестото се дели на два дела, во средината се става филот, а на над другата кора се посипува шеќер во прав.
- 6.Пробајте убаво е!:)
- Cuisine: Десерт
- Course: Комбинација
- Skill Level: Едноставна