Мали палачинки кои се јадат на едно седнување. Ви треба уште чаша јогурт и добивате вкусен оброк, идеален за било кој период од денот. Доручек, ужина или вечера, сеедно! Уживајте
Сочни мали палачинки
By October 15, 2012
Published:- Prep: 10 mins
- Cook: 20 mins
- Ready In: 30 mins
Мали палачинки кои се јадат на едно седнување. Ви треба уште чаша јогурт и …
Ingredients
- 2 јајца
- 1 чаша јогурт (кисело млеко)
- 1 чаша брашно
- 0.5 пакетче прашок за пециво
- 1 лажиче сол, шеќер
- малку сирење
- малку блитва, магдонос, спанаќ и сл.
Instructions
- 1.Во сад се ставаат јајцата, шеќерот, брашното, се додава јогуртот со прашокот за пециво и се меша. Се добива смеса погуста од онаа за палачинки. Но, доколку смесата е многу густа, тогаш се додава по малку вода или бело вино а ако пак смесата е ретка, тогаш се додава брашно.
2.Во смесата се додава сирењето дробено со рака (за да има парчиња кои ќе се чувствуваат при јадењето) и се додава магдоносот (или спанаќ ,блитва, може и сув магдонос или пак копар). Што ќе додадете ќе зависи од вашиот вкус и желба. Може да си направите ваша сопствена варијанта. Вака добиената смеса се остава да се „одмори“ половина саат.
3.Тавата (се препорачува тефлонска тава) се загрева на оган, се додава маслото и со помош на лажица се зема од смесата и се ставаат во тавата да се пржат. Откако се добро испржени од едната страна се превртуваат и се пржат од другата страна. Испржените палачинчиња - блинчиња се редат во чинија врз кујнска хартија за да се впие вишокот на масло.
- Cuisine: Предјадење
- Course: Пржење
- Skill Level: Едноставна