Стареењето е нешто што не можеме да го избегнеме, но сепак постојат начини за успорување на тој процес, и тоа со помоѓ на правилна исхрана која ни помага да ја сочуваме енергијата и виталноста. Дознајте кои се всушност тие намирници кои ни помагаат да останеме млади и издржливи.

Риба

Со вклучување на рибата во вашата исхрана, не само што ќе делувате превентивно на процесот на стареење, туку и ќе го заштитите вашето срце од различни болести. Рибата содржи омега 3 масни киселини кои го спречуваат зачепувањето на артериите, што пак обично се случува како последица на повишениот холестерол, и на тој начин делуваат позитивно за одржување на нормалниот ритам и функцијата на срцето.

Ореви

Оревите се богати со незаситени масти кои го спречуваат ракот и болестите на срцето. Освен тоа, тие содржат витамини и минерали кои делуваат како антиоксиданти. Витамините Д и Е, кои ги има во оревите, се грижат кожата, косата и ноктите да бидат сјајни и убави.

Јогурт

Јогуртот содржи добри бактерии кои му помагаат на процесот на варење на храна, го прочистуваат дигестивниот ситем и ги спречуваат инфекциите на цревата. Освен тоа, јогуртот ссодржи и калциум кој ги зацврстува коските и ги намалува болестите и запаленијата.

Чоколадо

Флавонолот кој се содржи во чоколадото помаѓа во нормалното функционирање на крвните садови. Го спречува дијабетесот и проблемите со повишениот крвен притисок, ги чува бубрезите, а сите овие работи го продолжуваат животот.

Маслиново масло

Маслиновото масло содржи полифенол, антиоксиданти и незаситени масти кои превентивно го штитат срцето од болести.

Црно вино

Црното вино содржи ресвератол кој управува со процесот на стареење на телото. Здраво е ако се конзумира во умерени количини, а бројните истражувања покажуваат дека црното вино го подобрува помнењето, што е една од последиците на стареењето.