Кога ќе се спомене колач првата асоцијација е на нешто благо. Но, тоа не мора да биде секогаш така. Јас направив солен колач со зеленчук кој ми испрадна феноменално.Независно дали за појадок, ручек или попладневна закуска сигурна сум дека ќе ви се допадне.
Солен колач со зеленчук
By November 13, 2013
Published:- Prep: 20 mins
- Cook: 40 mins
- Ready In: 60 mins
Кога ќе се спомене колач првата асоцијација е на нешто благо. Но, тоа не …
Ingredients
- 1 тиквичка (фил)
- 1 главица кромид (фил)
- 2 црвени пиперки (фил)
- 200 г печурки (фил)
- малку масло за готвење (фил)
- 250 г брашно (тесто)
- 100 г путер (тесто)
- 30 г јогурт (тесто)
- 1/2 кесиче прашок за пециво (тесто)
- 50 г кашкавал
- 1 јајце
- 100 мл млеко
- малку сол, црн пипер
Instructions
1.Зеленчукот ситно исечкајте го, и на малку масло за готвење, пржете го десетина минути или се додека не омекне.
2.Брашното измешајте го со прашокот за пециво и една лажичка сол. Додадете го омекнатиот путер и јогуртот и месете се додека не добиете фино, еластично тесто.
3.Тестото расукајте го во кружна форма поголема од калапот за печење. Калапот ( намастете го и ставете го тестото така да покрие барем повеќе од половина од страничните делови на калапот.
4.Јајцето измешајте го со млекото и зачинете со сол и црн пипер. Пржениот зеленчук истурете го во калапот, одозгора налејте го изматеното јајце и изрендајте го кашкавалот.
5.Солениот колач печете го во загреана рерна, на 180 степени, околу 40 минути. Оставете го малку да се олади и сервирајте го. Добар апетит!
- Cuisine: Предјадење
- Course: Комбинација
- Skill Level: Едноставна