Откако си ги купив калапчињата кои првично ми беа наменети за топло-ладно, сфатив дека можат да ми користат за приготвувуње на мнооогу други рецепти. Затоа, денес го споделувам со вас овој интересен рецепт за припрема на добро познатиот француски рецепт крем бруле, но овој пат во солена верзија. Им благодарам на мигусто што ме потикнаа да експериментирам 🙂
Солен крем бруле
By December 22, 2013
Published:Откако си ги купив калапчињата кои првично ми беа наменети за …
Ingredients
- 300 гр пченка (одмрзната)
- 460 мл павлака за готвење
- 3 јајца
- 2 жолчки
- малку сол, црн пипер
- 100 гр пармезан
Instructions
- 1.Загрејте ја рерната на 170 степени.
2.Во сад за готвење ставете ја павлаката да зоврие, па ставете ги внатре зрната пченка. Садот тргнете го од оган и оставете го 10 минути за пченката да набабри.
3.По десетина минути, смесата префрлете ја во блендер и добро измиксирајте ја за да добиете хомогена смеса.
4.Во меѓувреме, јајцата и жолчките изматете ги, додадете сол и црн пипер, додадете малку од смесата во блендер, промешајте и соединете ги смесите.
5.Смесата претурете ја во калапи за печење и печете околу 30-тина минути. Пред да бидат готови, наросете пармезан и печете уште неколку минути.
- Cuisine: Предјадење
- Course: Печење
- Skill Level: Едноставна