Сигурно не ви паднало на памет дека со спанаќ можете да направите и нешто вакво. Освен што вкусот е феноменален, овој спанаќ пудинг изгледа фантастично декоративно. Затоа фаќајте се за работа.
Солен пудинг од спанаќ
By September 14, 2013
Published:- Prep: 20 mins
- Cook: 50 mins
- Ready In: 1 hr 10 mins
Сигурно не ви паднало на памет дека со спанаќ можете да направите и нешто …
Ingredients
- 1 кг спанаќ
- 50 г путер
- 35 г брашно
- 400 мл млеко
- 150 г сланина
- 50 г сирење
- малку сол, црн пипер
- 2 јајца
- 3 лажици маслиново масло
- 2 лажица оцет
- 1 лажица сенф
- малку сол
Instructions
- 1.Спанаќот исчистете го, обарете го, исцедете го, ставете го во блендер и добро изблендирајте го.
- 2.Во сад, на оган, растопете го путерот па додадете брашно. Мешајќи, додадете го млекото и варете околу 5 минути. Добиениот сос додадете го во блендерот и измешајте.
- 3.Сланината исечкајте ја на коцки и додадете ја во блендерот.
- 4.Сирењето, со виљушка, издробете го и измешајте го со спанаќот. Зачинете ја смесата по желба.
- 5.Малите калапи за печење намачкајте ги со путер и набрашнете ги (доколку се тефлонски, нема потреба). Наполнете ги со подготвената смеса.
- 6.Загрејте ја рерната на 160 степени. Калапите ставете ги ви подлабок сад за печење, садот наполнете го со вода (отприлика до пола) и оставете да се печат околу 50 минути.
- 7. Во меѓувреме, сварете ги јајцата и оставете ги да се оладат. Одвојте ги белката од жолчките. Белката исечкајте ја на ситни коцки, ставете оцет, маслиново масло, сенф, сол и добро измешајте. И жолчката исечете јана ситни коцки.
- 8.Пудингот од спанаќ оставете го малку да се олади, па превртете го врз чинија за сервирање. Декорирајте со сосот од белките и ситно исечканите жолчки.
- Cuisine: Предјадење
- Course: Комбинација
- Skill Level: Средна