И благодариме на Милица Спироска што ни го испрати овој вкусен рецепт за солена пита. Се надеваме дека овој рецепт ќе се најде под графата задолжителен во машето мени.
Солена пита
By September 9, 2012
Published:И благодариме на Милица Спироска што ни го испрати овој вкусен рецепт за …
Ingredients
- 4 јајца
- 1 шолја јогурт (250 мл)
- 1 шолја масло (200 мл)
- 2,5 филџани брашно
- 1,5 филџан пченкарно брашно
- 1 прашок за пециво
- по желба сирење или урда, салама, сусам
Instructions
- 1.Во подлабок сад, јајцата се матат и се додаваат јогуртот и маслото.
- 2.Во друг длабок сад се мешаат брашното со пченкарното и со пецивото, па се додава смесата од јајцата.
- 3.Откако добро ќе се избие и се добие убава хомогена смеса во неа се додаваат сирењето или урдата и саламата.
- 4.Смесата се става во тавче намачкано со малку масло и се попрскува со сусам.
- 5.Се пече на 200 степени околу 30 минути.
- Cuisine: Леб и пецива
- Course: Печење
- Skill Level: Едноставна