Нашата пријателка Наташа Алексовска оваа прекрасна солена торта ни ја препорача за свечени прилики. Навистина изгледа одлично и вреди да се проба. Сигурно ќе ги изненадите сите блиски кои ќе имаат прилика да ја пробаат.

Солена торта од домати и шпагети

By Наташа Алексовска Published: October 19, 2013

  • Prep: 20 mins
  • Cook: 25 mins
  • Ready In: 45 mins

Нашата пријателка Наташа Алексовска оваа прекрасна солена торта ни ја …

Ingredients

Instructions

  1. 1.Модрите патлиџани измијте ги, исечете ги на листови, посолете и оставете ги малку да одстојат. Одстоени, пропржете ги на врело масло од двете страни за да поруменат.
  2. 2.Шпагети сварете ги во солена вода. Исцедете ги.
  3. 3.Ситно исечкајте го кромидот, лукот и морковот и динстајте ги на масло.
  4. 4.Во тавата додадете го мелено месо и динстајте се додека не ја промени бојата, потоа додадете исчистен и ситно исечкан домат и динстајте се додека домат не се распадне и сета вишок течност не испари. Пред крај додадете вегета измешајте и тргнете го од шпорет.
  5. 5.Во фил од месо додадете ги исцедени шпагети и едно јајце и измешајте за се убаво да се соедини.
  6. 6.Во округла тепсија со големина 24 см. редете го во круг модариот патлиџан со тоа што краеви на тепсија исто така да бидат обложени со модар патлиџан.
  7. 7.Ставете го спременит фил со мелено месо и прелијте со претходно изматени две јајца.
  8. 8.Рерна загрејте ја на 250 степени и печете. Печена торта извадете ја од рерна и ставете малку да се олади,а потоа полека внимателно свртете ја на тањир, водејќи сметка да не се растури.