Време е да внесете разноликост во вашата кујна. Подгответе тестенини на малку понеобичен начин. Направете солена торта која освен што изгледа прекрасно има феноменален вкус. Добар апетит.

Солена торта од макарони

By Тетка Биберче Published: January 7, 2017

  • Prep: 30 mins
  • Cook: 20 mins
  • Ready In: 50 mins

Време е да внесете разноликост во вашата кујна. Подгответе тестенини на …

Ingredients

Instructions

  1. Сварени макарони1.Тестените сварете ги според упатството на кесичката. Исцедете ги и префрлете ги во калап за торта. Доколку калапот не е тефлонски, премачкајте го малку со маргарин. Доколку не ги посоливте при варењето, сега малку посолете ги.
  2. Мелено месо2.Во меѓувреме, на малку масло за готвење, запржете го кромидот и меленото месо. Зачинете по желба.
  3. Бешамел сос3.Во друг сад, погответе го сосот. Растопете го путерот, додадете го брашното и постојано мешајте. Внимателно сипете го млекото, зачинете и омешајте се додека не ја добие потребната густина..
  4. Додавење јајце во сосот4.Бешамел сосот тргнете го настрана, оставете го малку да се олади и додадете ги јајцата. Добри измешајте.
  5. Подготовка на тортата5.Врз сварените тестенини, истурете половина од бешамел сосот.
  6. Ставање на меленото месо6.Одозгора, ставете го целото изпржено меленото месо.
  7. Испечен колач7.Истурете го остатокот од бешамел сос и наросете со рендан кашкавал.
  8. Испечени макарони8.Печете во загреана рерана, на 200 степени, околу 20 минути. Тората оставете ја малку да се олади, отворете го калапот и сервирајте.