Едноставно, брзо и многу вкусно… Овој спој на кашкавал со тиквичка и праз е едноставно неодолив…. Пробајте и ќе се уверите. Добар апетит!

Солени колачиња со кашкавал и тиквичка

By А.A. Published: October 24, 2013

  • Prep: 25 mins
  • Cook: 30 mins
  • Ready In: 55 mins

Едноставно, брзо и многу вкусно... Овој спој на кашкавал со тиквичка и праз …

Ingredients

Instructions

  1. 1.Тиквичките измијте ги, излупете и изрендајте ги. Оставете ги врз цедалка за малку да се исцеди водата.
  2. 2.Празот исчистете го, исечете 8 парчиња со големина од 1 сантиметар, а остатокот исечкајте го на ситни парчиња.
  3. 3.На малку масло за готвење (околу 2 лажици), пржете го празот неколку минути. Додадете ги тиквичките и заедно пржете ги уште 5 до 6 минути.
  4. 4.Празот и тиквичките посолете ги, запиперете ги и ставете ги во цедалка неколку минути за да истече течноста.
  5. 5.Во сад, изматете ги јајцата заедно со млекото, ставете 2 лажижи масло за готвење и посолете.
  6. 6.Во друг сад, измешајте го брашното со прашокот за пециво и ренданиот кашкавал и додаддете го во смесата со јајцето. Добро измешајте за да не останат грутчиња.
  7. 7.Во смесата додадете ги и запржените тиквички со праз.
  8. 8.Загрејте ја рерната на 180 степени. Калапчињата намачкајте ги со путер и наполнете ги со подготвената смеса (наполнете околу 2/3 од калапчињата).
  9. 9.Во секое калапче ставете парче од пресечениот праз и печете ги околу 25 до 30 минути. Добар апетит!