Татјана Докузова ни раскажа дека овие кифлички освен што се многу вкусни, исто така се и многу декоративни… И доколку ви се најават гости во последен момент, а сакате нешто вкусно и привлечно да подготвите, тогаш ова е вашиот вистински избор. Имајте добар апетит!

П.С. Нашата пријателка Виолета Андреева ни испрати дополнување на овој рецепт каде ни напоменува дека може да се направи и блага варијата на овие ружи: наместо кашкавал или салама се употребуваат тенко сечени, малку подварени парчиња јаболка со форма наполукруг, а лентите тесто се напепелуваат со цимет и се редат пачињата јаболка. После печењето се пепелат со шеќер во прав. Изгледаат како снежни цветови:).

Солени ружи

By Татјана Докузова Published: March 1, 2013

  • Prep: 20 mins
  • Cook: 20 mins
  • Ready In: 1 hr 20 mins

Татјана Докузова ни раскажа дека овие кифлички освен што се многу вкусни, …

Ingredients

Instructions

  1. Дополнување од Виолета Андреева1.Се замесува тесто со една шолја млако млеко, половина квасец, една лажичка сол, една лажичка шеќер, една шолја масло и брашно да се добие убаво средно меко тесто.
  2. Дополнување на Виолета Андреева2.Кога ке надојде се расукуваат ленти долги околу 15сантиметри и широки 3сантиметри. на нив се редат тркалца од шунка сечени на половина, да стрцат околу еден сантиметар над линијата од тестото.
  3. Дополнување: Благи ружи на Виолета Андреева3.Се виткаат како ролни и се оставаат повторно да стасаат...
  4. Солени ружи на Татјана4.Непосредно пред печење, се премачкуваат со жолцка. Се печета на 200 степени околу 15-20 минути.