Замесете тесто, додадете сирење, малку сусам или ким, вклучето го тостерот и направете си супер вкусни солени стапчиња. Ако решите да направите поголема доза, тогаш спакувајте и за на работа и изненадете ги колегите.
Солени стапчиња од тостер
By May 13, 2013
Published:- Prep: 15 mins
- Cook: 30 mins
- Ready In: 45 mins
Замесете тесто, додадете сирење, малку сусам или ким, вклучето го …
Ingredients
- 800 г брашно
- 1 прашок за пециво
- 200 мл масло
- 200 г маргарин
- 200 г млака вода
- 100 г сирење (рендано)
- 2 кафени лажички сол
- 2 јајца
- малку сусам и ким (за посипување)
Instructions
- 1.Од сите состојки (освен сирењето) замесете тесто. Ако е потребно додадете уште малку брашно, но внимавајте тестото да биде средно меко.
- 2.Сирењето убаво исцедете и изрендајте го, а потоа додадете го во тестото и убаво измесете упте еднаш. Оставете го тестото да одмори околу 10-тина минути.
- 3.Поделете го тестото на два дела и од секое расукајте кора дебела околу 5 мм (ако можете направете ја правоголна).
- 4.Одозгора посипете ја кората со сусам или ким и добро истапкајте ја со раце за да се залепи сусамот (ако сакате можете да ја премачкате со изматено јајце).
- 5.Исечете ја кората на стапчиња и печете ги во тостер. Добар апетит.
- Cuisine: Леб и пецива
- Course: Печење
- Skill Level: Едноставна