Овие солени стапчиња се едноставни за правење и не бараат преголема умешност. Затоа се идеални за било каква пригода. Дополнително, лесно се замрзнуваат и одмрзнуваат…..Пробајте!
Солени стапчиња
By December 14, 2012
Published:Овие солени стапчиња се едноставни за правење и не бараат преголема …
Ingredients
- 500 г бело брашно
- 250 мл млеко (млакичко)
- 120 мл масло за готвење
- 1 ќесичка сув квасец
- 1,5 кафена лажичка сусам, ким, крупна сол
- 1 јајце (за премачкување)
- малку сусам, ким, крупна сол
Instructions
1.Замесете тесто од сите состојки и оставете го да расте околу 40-тина минути. Потоа со рака кинете топчиња со големина на орев (едно топче околу 22-23 г тесто. Со оваа мерка излегуваат точно 40 топчиња).
2.Секое топче ставете го на мушама или пластичен подметач за јадење, покријте то со проѕирна фолија и расукајте то овално, и тоа што е можно потенко (шарата на мушамата одоздола јасно да се гледа :)).
3.Тргнете ја фолијата , а потоа почнете да го виткате тестото како кифла.
4.Стапчињата наредете ги во тавче врз хартија за печење. Не е потребно да оставате многу место меѓу нив, бидејќи тие само малку пораснуваат. Премачкајте ги со изматеното јајце и посипете ги со ким или сусам.
5.Печете ги во загреана рерна на 200 степени и тоа 15-тина минути или додека не поруменат убаво.
- Cuisine: Леб и пецива
- Course: Печење
- Skill Level: Едноставна