Штотуку ви се најавија гости, а немате идеја што да ги послужите. Еве едно брзо и вкусно рецептче, кое ќе ви заврши работа. Овие солени бисквити се идеални во комбинација со чаша пиво. И гостите сити и домаќините задоволни.
Солени и зачинети бисквити со кашкавал
By January 2, 2013
Published:- Prep: 25 mins
- Cook: 10 mins
- Ready In: 35 mins
Штотуку ви се најавија гости, а немате идеја што да ги послужите. Еве едно …
Ingredients
- 400 г брашно
- 2 ½ лажички прашок за пециво
- 1 лажичка сол и шеќер
- ½ лажичка сода бикарбона
- 110 г путер (замрзнат)
- 360 мл јогурт
- 250 г кашкавал (рендан)
- 2 лажици магдонос, босилок, мајчина душица, жалфија (сечкани)
- малку сол, црн пипер
Instructions
1.Во подлабок сад измешајте го ренданиот кашкавал со ситно исечканиот магдонос, босилок, мајчина душица и жалфија. Малку посолете и запиперете.
2.Во друг сад, изрендајте го замрзнатиот путер и измешајте го со брашното, прашокот за пециво, содата како и шеќерот и солта. Додадете го и јогуртот и измешајте само колку да се соединат состојките.
3.На набрашнета површина, тестото расукајте го со дебелина од околу 20 сантиметри. На 2/3 од тестото ставете од кашкавалот со зачини.
4.Тестото превиткајте го од двете страни, ротирајте го за 90 степени, расукајте го и повторно на 2/3 од тестото ставете кашкавал. Постапката повторете ја уште два до три пати.
5.Вака подготвено тесто, расукајте го, исечкајте го на коцки и ставете ги во замастена тава.
6.Бисквитите печете ги на висока температура, на 250 или 260 степени околу 10 минути. Оставете ги неколку минути да се оладат и сервирајте ги во придружба со пиво.
- Cuisine: Леб и пецива
- Course: Печење
- Skill Level: Едноставна