Ако се мислите што да направите за појадок, еве една супер идеја која не изискува ниту премногу време, ниту труд, ниту пак некоја посебна кулинарска вештина. Задолжително пробајте, сигурно ќе ви се допаднат…
Солени залачиња
By August 24, 2013
Published:Ако се мислите што да направите за појадок, еве една супер идеја која не …
Ingredients
- 4 јајца
- 400 мл јогурт
- 450-500 г брашно (по потреба)
- 1 кафена лажичка прашок за пециво
- 100 мл масло
- 250 г шунка (кулен, пршута или нешто друго по желба)
- 250 г сирење или кашкавал
- 3-4 кисели краставички
- малку сол
- малку оригано
Instructions
- 1.Накратко измешајте ги јајцата со миксер, а потоа додадете го брашното во кое претходно сте го измешале прашокот за пециво и јогуртот па мешајте додека смесата не стане компактна. По потреба додадете уште малку брашно (да биде со густина слично на проја).
- 2.Во смесата додадете ја шунката исечкана на коцкички или на мали ленти, изренданиот кашкавал или сирење, крупно изренданите краставички и зачини по вкус.
- 3.Истурете ја смесата во тавче за печење обложено со хартија за печење и печете во претходно загреана рерна на 190 степени околу 45 минути.
- Cuisine: Леб и пецива
- Course: Печење
- Skill Level: Едноставна