Одличен додаток за пржена, печена, па дури и варена риба. Испробано со пастрмки, крапче, сомче, бранцин, орада…..а можеби и со уште нешто. И погодете што, едноставно нема промашување!
Сос од лимон
By August 30, 2012
Published:Одличен додаток за пржена, печена, па дури и варена риба. Испробано со …
Ingredients
- 200 мл павлака за готвење
- 25 г путер
- 1 лимон (сок и рендана кора)
- 1 кафена лажичка густин
- 1 кафена лажичка шеќер (не преполна или рамна)
- малку сол
- малку црн пипер
Instructions
- 1.Загрејте го путерот во тавче или тенџерче па додадете ја изренданата кора од лимон и исцедениот сок. Додадете малку сол и црн пипер, а потоа додадете ја и павлаката која претходно малку сте ја промешале со миксер (сосема малку).
- 2.На крајот додадете го густинот растворен во две супени лажици вода и шеќерот. Добро промешајте, пробајте, па додадете уште малку шеќер или лимон, по вкус.
- Cuisine: Сосови
- Course: Комбинација
- Skill Level: Едноставна