Туристичкиот краток филм Soulfood Србија, кој ги промовира автентичните гастрономски производи на нашиот северен сосед, ја доби првата награда на фестивaлот FilmAt, посветен на филмот, уметноста и туризмот. Фестивалот се одржа во Варшава на кој учество земале повеќе од 180 филма од целиот свет.

Овој спот е дел од маркетиншката кампања на Туристичката организација на Србија за 2012 година. Филмот навистина е одлично направен, но она што мора да го спомене е дека и нашиот промотивен спот за презентирање на Македонија како земја која мора да ја посетат правите гурмани, воопшто не заостанува во својот квалитет.

Успехот на SoulFood Србија е препорака за нас и ние да снимиме подолга верзија и следната година да конкурираме на овој фестивал за освојување на некоја награда.