Ако би правеле наша топ листа за највкусен сендвич, овој со сигурност ќе се освои висока позиција. Лепче, сирење, пилешко, домати и кромид. Сево ова убаво истостирано. Вистински уживање за сите сетила 🙂
Совршен панини сендвич
By July 17, 2013
Published:Ако би правеле наша топ листа за највкусен сендвич, овој со сигурност ќе …
Ingredients
- 1 лажица путер
- 1 лажичка насечкани зачини (магданос, босиленк, а може и суво оригано)
- 2 филети пилешки гради
- малку сол
- малку црн пипер
- 1 лажица маслиново масло
- 1/2 главичка кромид (насечкан)
- 4 тост лепчиња (или друг леб по избор)
- 2 парчиња сирење (по избор)
- 1 домат
- свеж босилок
Instructions
- 1.Во чинија измешајте го путерот заедно со сите зачини.
- 2.Зачинете ги филетите со подготвената маринада. Потоа со малку масло запрежете ги филетите (не повеќе од пет минути).
- 3.Откако филетите ќе добијат румена боја, извадете ги. Во истото тавче запржете го кромидот.
- 4.Тост лепчињата премачкајте ги со путер. Ставете парче пилешко, сирење, парченца домати и лажичка од запржениот кромид.
- 5.Ставете ги лепчињата на тостер. Тостирајте ги додека сирењето не се стопи. По желба можете да ставите и ливчиња свеж босилок.
- Cuisine: Предјадење
- Course: Комбинација
- Skill Level: Едноставна