Феноменален концепт дизајн на маса која е идеална за пикник дури и во моменти кога дува силен ветер. Изработена од квалитетна лиена пластика оваа маса има жлебови каде можете да ги ставите сите потребни нешта, како чиниите, чашите, приборот за јадење вашето омилeно вино и тоа без никавов страв дека ветерот ќе ви ги оддува. Токму затоа дизајнерите Marco Marotto и Paola Oliva својот најнов проект го нарекле “Bye Bye Wind”.

За на сите да им биде поудобно дизајнерите обрнале внимание и на столиците. На нив има место каде да ги вметнете клучевите, мобилниот телефон и остaнатите дрeбилии кои вообичаено фаќаат непотребно место на масата. Навистина одлична идеја!

Пикник маса

Пикник маса

Пикник маса