Овие вкусни, крцкави и чоколадни бисквити се совршени за наутро со млеко или цедено овошје, за на работа со кафе или за закуска после ручекот. Совршени се и за пред спиење… иако не ги препорачуваме баш тогаш… 🙂
Совршени чоко-бисквити
By October 19, 2012
Published:- Prep: 15 mins
- Cook: 10 mins
- Ready In: 25 mins
Овие вкусни, крцкави и чоколадни бисквити се совршени за наутро со млеко …
Ingredients
- 300 г брашно
- 200 г шеќер
- 220 г путер
- 2 јајца
- 150 г темно чоколадо (или комбинација од темно и бело чоколадо)
- 100 г ореви
- 2 пакетчиња ванилин шеќер
- ½ пакетче прашок за пециво
Instructions
1.Најпрвин во брашното се додава прашокот за печење, ванилинот шеќер се меша со обичниот шеќер, а чоколадото и оревите се сечкаат на поситни парчиња и се мешаат.
2.Јајцата и шеќерот се матат се додека смесата побелее. Се додава и омекнатиот путер и се продолжува со матење.
3.Пополека се додава брашното и рачно се меша се дотогаш додека смеса се хомогенизира. На крај се додаваат оревите и чоколадото.
4.Со лажичка се зема од тестото и се става во тава за печење, обложена со хартија. Топчињата се со неправилна форма и се редат на поголемо растојание бидејќи при печење тие се рашируваат и малку нараснуваат.
5.Се печат во згреана рернана на 200 С не повеќе од 10-тина минути или додека малку поруменат. Треба да се внимава тие да не изгорат.
6.Бисквитите штом ќе се извадат од рерна, на допир се меки но кога ќе се оладат ќе зацврснат.
- Cuisine: Десерт
- Course: Печење
- Skill Level: Едноставна