Dulce de leche или слатко од млеко e традиционален јужноамерикански сладок премаз сличен на карамела. Во комбинација со чоколадо добивате совршен спој на вкусови. Чоко пралини е десерт кој се топи во уста. Од оваа количина добивме околу 15 пралини, па затоа ако имате прави гурмани по дома наш совет е да направете дупла доза.
Совршени чоко-пралини со Dulce de leche
By January 11, 2013
Published:- Prep: 20 mins
- Cook: 60 mins
- Ready In: 1 hr 20 mins
Dulce de leche или слатко од млеко e традиционален јужноамерикански сладок …
Ingredients
- 200 г чоколадо за готвење (може и млечно чоколадо)
- 350 мл кондензирано млеко
- 100 г шеќер
- 1-2 лажици масло за готвење
- 50 г бадеми, лешници, ореви (ситно сечкани)
- 15 хартиени модли (мали хартиени модли за ситни колачи)
Instructions
1.Подгответе ги филот Dulce de leche: во сад, на оган, ставете го кондензираното млеко заедно со шеќерот.
2.На средна температурата, филот варете го, со повремено мешање, се додека не добиете густа смеса. Ќе ви биде потребно околу 1 час.
3.Во згуснатиот фил додадете сечкани бадеми и лешници.
4.Во меѓувреме, на пареа или во микробранова печка, стопете го чоколадото со неколку лажички масло за готвење.
5.Ставете по една лажичка од растопеното чоколадо во хартиените форми .
6.Со помош на мала четка, растопеното чоколадо распоредете го, размачкајте го на сите страни.
7.Премачканите форми оставете ги во фрижидер за да се стегне чоколадото.
8.Кошничките со стегнатото чоколадо наполнете ги со филот Dulce de leche.
9.Одозгора ставете еден слој од растопеното чоколадо и пралините ставете ги во фрижидер за добро да се оладат.
10.На оладените пралини, отстранете им ја хартијата, сервирајте ги и уживајте.