На самиот почеток мора да бидеме искрени и да ви признаеме нешто. Овој рецепт е дело на баба Лиле, која уште еднаш ни докажа кој е вистинскиот мајстор во кујна. Жена која постојано е расположена за готвење, за експериментирање со нови вкусови и која има еден милион идеи во глава.

Независно дали е збор за главно јадење, рецепти со тесто или пак десерти секогаш се што ќе направи е полн погодок. Таков е случајот со овие колачиња наполнети со урда , со кои не изненади пред некој ден. Беа штотуку извадени од рерна и откако ги видовме и помирисавме моравме да ги фотографираме, да и го побараме рецептот и да го споделиме со вас.

Веднаш штом го вкусивме првото колаче се уверивме дека не сме погрешиле. Вакво нешто вкусно одамна не сме пробале и затоа со задоволство ви ги препорачуваме и вие да ги направите и да се насладувате во нив.

За разлика од многуте рецепти за колачиња, кои понекогаш можат да бидат помалку досадни и еднолични, овој е нешто сосема поинакво. Рикотата е магичната состојка која има дава посебен шмек и сочност.

Однадвор колачињата се крцкави и со препознатлива  распукана кора, а во внатрешниот дел го нуди она право уживање. Бела крема од засладена урда која се топи во уста. Што друго да ви кажеме. Фала на баба Лиле за рецептот и сетете се на овој пост веднаш што ќе ви се пријаде домашно колаче. Верувајте нема да зажалите.


Рецептот го  фотографираа Ана&Зоран Зафировски. Забрането превзмемање на оваа содржина без согласност на авторите! 

Чоколадно колаче „Изненадување“

Состојки:

Тесто за бисквит:

  • 100 мл масло
  • 130 г шеќер
  • 50 мл силно кафе (2 мали лажици инстант кафе +50 мл вода)
  • 1 пакетче ванилин шеќер
  • 240 г брашно
  • 20 г какао
  • 1/2 пакетче прашок за печење
  • меѓу два прста сол
  • 50 мл кисело млеко или јогурт

Фил:

  • 200 г  несолена урда (или рикота сирење)
  • 3-4 лажици  шеќер во прав (според вкус)

Подготовка:

  1. Во длабок сад измешајте ги маслото, шеќерот, јогуртот и кафето.
  2. Во друг сад измешајте го брашното заедно со какаото, прашокот за печење, ванилата и малку сол. Состојките просејте ги.
  3. Смеса со брашното измешајте ја со водената смеса и замесете тесто кое малку се лепи за раката. Доколку тестото е премногу меко тогаш се додадете уште малку брашно.
  4. Тестото поделете го на 18 делови и формирајте топчиња.
  5. Подготовка на филот: урдата(или рикотата) изматете ја со шеќерот во прав и малку ванила. Доколку е урдата е течна, истискајте ја, но доколку е премногу сува, додадете малку млеко. И од оваа смеса се прават 18 топчиња.
  6. Топчето од тесто ставете го на дланката на раката, малку раширете го со прстите и во средината ставете топче од слатката урда (филот).
  7. Со прстите затворете ги краевите и формирајте топче. Постапката повторете ја со сите топчиња тесто.
  8. Готовите топчињата наредете ги  во тава обложена со хартија за печење, малку притиснете ги и печете ги во загреана рерна на 190° С околу 10-13 минути.
  9. Испечените топчиња посипете ги со шеќер во прав.

Чоколадно колаче „Изненадување“

Чоколни колачи „Изненадување“
Write a review
Принт
Време на подготовка
30 min
Време на готвење
15 min
Вкупно време
45 min
Време на подготовка
30 min
Време на готвење
15 min
Вкупно време
45 min
Тесто за бисквит
  1. 100 мл масло
  2. 130 г шеќер
  3. 50 мл силно кафе (2 мали лажици инстант кафе +50 мл вода)
  4. 1 пакетче ванилин шеќер
  5. 240 г брашно
  6. 20 г какао
  7. 1/2 пакетче прашок за печење
  8. меѓу два прста сол
  9. 50 мл кисело млеко или јогурт
Фил
  1. 200 г несолена урда
  2. 3-4 лажици шеќер во прав (според вкус)
Подготовка
  1. Во длабок сад измешајте ги маслото, шеќерот, јогуртот и кафето.
  2. Во друг сад измешајте го брашното заедно со какаото, прашокот за печење, ванилата и малку сол. Состојките просејте ги.
  3. Смеса со брашното измешајте ја со водената смеса и замесете тесто кое малку се лепи за раката. Доколку тестото е премногу меко тогаш се додадете уште малку брашно.
  4. Тестото поделете го на 18 делови и формирајте топчиња.
  5. Подготовка на филот: урдата изматете ја со шеќерот во прав и малку ванила. Доколку е урдата е течна, истискајте ја, но доколку е премногу сува, додадете малку млеко. И од оваа смеса се прават 18 топчиња.
  6. Топчето од тесто ставете го на дланката на раката, малку раширете го со прстите и во средината ставете топче од слатката урда (филот).
  7. Со прстите затворете ги краевите и формирајте топче. Постапката повторете ја со сите топчиња тесто.
  8. Готовите топчињата наредете ги во тава обложена со хартија за печење, малку притиснете ги и печете ги во загреана рерна на 190° С околу 10-13 минути.
  9. Испечените топчиња посипете ги со шеќер во прав.
Забелешка
  1. Рецептот го приготвија и фотографираа Ана&Зоран Зафировски. Забрането превзмемање на оваа содржина без согласност на авторите!
MiGusto.mk - Мој живот. Мојот вкус! http://migusto.mk/