Нема никаква филозофија при приготвување на овие соленки. Едноставни и брзи за правење, а на вкус совршени. Личен мој фаворит, но и омилени на сите оние кои ги имале прилика да ги пробаат. На потег сте вие!
Совршени соленки за пиво
By November 22, 2012
Published:- Prep: 10 mins
- Cook: 15 mins
- Ready In: 25 mins
Нема никаква филозофија при приготвување на овие соленки. Едноставни и …
Ingredients
- 200 г брашно
- 200 г кравјо сирење
- 100 г путер (омекнат)
- 1 јајце
- 3 лажици павлака (може и кисело млеко)
- 2 лажички црвен пипер
- 2 лажички ким (или сусам)
- малку сол
Instructions
1.Во поголем сад за готвење ставете го омекнатиот путер, брашното, изренданото сирење и јајцето и сето тоа добро замесете го. Додадете ја павлаката како и зачините (црвен пипер, ким и сол) и се добро измесете.
2.Добиеното лепливо тесто завиткајте во проѕирна растеглива фолија и оставете го во фрижидер барем 3 часа (а може и подолго).
3.На малку набрашнета површина, тестото расукајте го во кора со дебелина од околу 3-5 мм и исечете долгнавести стапчиња или некоја друга форма.
4.Соленките наредете ги во плех обложен со мрсна хартија и печете ги околу 15 минути во згреана рерна на 180 степени.
- Cuisine: Предјадење
- Course: Печење
- Skill Level: Едноставна