Понекогаш навистина сакам меко сварено јајце. Впрочем знаете ли вие некој што не го сака истото од време на време? Па замислете само какво уживање е кога можеш да си мацнеш од жолчката што истекува. Мммм, совршено! Само што толку ретко ми успева баш така да ги сварам јајцата, просто да не веруваш. Значи, или ќе ги ставам јајцата, па ќе заборавам кога сум ги ставила па ќе излезат тврди – камења, или ќе ги извадам премногу рано па не се ни доварени. Проооблем, и тоа со големо П!

И да ви кажам, си смислив стратегија: ќе си купам една табла, па ќе варам едни по 3 минути, други по 4, и така натаму, но ќе си направам една табелка и ќе си запишам: јајцата варени 4 минути се меки, оние со 6 се средни, оние со 8 се тврди, или како и да излезе резултатот. О, немате поим колку си бев горда на проектот “Совршено сварено јајце“. И ќе го почнев за малку, да не ме направеше партал другарка ми кога одушевено и раскажував што планирам да направам. Ми вели таа “Па добро бе, жено, какви ли само глупости ти паѓаат на памет? Ма дај купи си од тие специјалните тајмерчиња и завршена работа, што ќе се измотаваш тука со табели и други чуда?“

Тајмер за јајца!!!! Ми светнаа очите, и тоа инстант! Не ми требаше долго да си го најдам тајмерчево (може да се купи на оваа адреса), па сега, како да ви кажам ама не само лепче, туку и прстите си ги мацкам во прекрасно растечена жолчка. Навистина, малите нешта го прават животот прекрасен!