Обожавам пица! Толку многу ја сакам, што барем еднаш неделно си ги закопувам рацете во брашно до лакти и печам едно два-три часа сигурно. Прво маргарита, па каричиоза, па она со четирите сирења, а богами во последно време ми е нешто хит рукола во комбинација со пармезан и пршута. Страшно! (потсетете ме некогаш да ви го дадам рецептот).

А правам стварно добра пица, жими се! Прашајте кого сакате. Само што до скоро си имав проблеми со сечењето, морам да признаам. Не дека не можев да ја исечам пицата де (си имам специјално ноже од оние што се ротираат), ама никако не можев да ги направам парчињата исти. И нормално, тоа си предизвикуваше проблеми. Луѓето нон-стоп ми се бунеа дека добиле помали парчиња од некој друг! Навистина голем проблем. За среќа, си го најдов комплетов со ножици и мерач/држач за парчиња, па сега сите си добиваат еднакви делови…

Инаку,  можете да си го нарачате на следниот линк, а чини само 6 долари!