Ако сакате да додадете малку кинески (или можеби италијански) шмек во готвењето, зеленчукот исечкан на долги и тенки ленти е дефинитивно она што ви треба. Само што ваквото сечење е повеќе мачење отколку сечење, ако воопшто успеете да го добиете она што го сакате (мене барем скоро па никогаш не ми успева).

То ест, сакам да кажам не ми успеваше бидејќи си ја немав оваа алатка за сечкање на зеленчукот во форма на шпагети! Екстра лесно и едноставно – го ставаш зеленчукот и вртиш, како да остриш моливче, а тоа само си сече! И вртиш, нормално, додека не ја добиеш саканата должина. Единствен проблем е што мора да користиш малку потврд зеленчук (репки, морковчиња и слично). Ама, затоа, се изгледа многу подекоративно, а сите од страна паѓаат во несвест и викаат “Леле, па како успеа вака да ги исечкаш?“. Хехе, мали тајни на големите мајстори на кујната, што би рекол Карапанџа!