За денешниот ручек ви предлагаме да подготвите шпагети со бел сос и пилешко бело месо. Брз, едноставен и превкусен оброк.

Шпагети со бел сос и пилешко

By Гастронаутка Published: September 8, 2012

  • Prep: 20 mins
  • Cook: 20 mins
  • Ready In: 40 mins

За денешниот ручек ви предлагаме да подготвите шпагети со бел сос и …

Ingredients

Instructions

  1. 1.Исечкајте го кромидот на ситни коцки и ставете го да се пржи.
  2. 2.Кога ќе почне да ја менува бојата, додајте го пилешкото месо исечкано на тенки ленти или мали коцки и пржете околу 5 минути.
  3. 3.Додадете ги печурките и пржете се заедно уште 10-тина минути.
  4. 4.Исцедете ги шпагетите од водата во која се вареле, додајте малку маслиново масло во нив и промешајте ги. Маслото ќе ги спречи да се залепуваат).
  5. 5.Кога месото ќе биде испржено, додадете ја павлаката за готвење, солта, црниот пипер и останатите зачини, и пржете со поврмено мешање додека во павлаката не почнат да се појавуваат меурчиња (пред да почне да врие).
  6. 6.Ставете ги шпагетите во длабоки чинии, истурете го сосот врз нив (а може и да ги измешате со сосот пред да ги ставите во чинијата), и посипете ги со пармезан.
  7. 7.За крај, посипете ги парчиња бадеми кои сте ги пропржиле во тавче без масло, или сте ги запекле во микробранова печка, и посипете малку магдонос за декорација врз целата чинија.
  8. 8.Добар апетит!